Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

ЖКК „Бадел 1862“ продолжи со серијата победи

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Во СРЦ „Кале“, во рамки на последното коло од групата Запад, вчера кошаркарките на ЖКК „Бадел 1862“ , со голема резултатска разлика 69:43 (14:10, 15:12, 12:14, 28:7) ја совладаа екипата на ЖКК „Работнички“.

„И покрај тоа што баделки натпреварот го одиграа без повредените Нена Трајчевска и Драгана Јоловиќ, во текот на сите 40 минути го демонстрираа својот квалитет, искуство, карактер и тимскиот дух на екипата. Во студеното Кале, домаќините само во почетната фаза од натпреварот успеваа да им парираат на кошаркарките на ЖКК Бадел 1862. Како одминуваше натпреварот, се повеќе до израз доаѓаше  големиот квалитет на сино-жолтата екипа, што на крај резултираше со убедлива победа од 26 поени“ - соопштија од ЖКК „Бадел 1862“.

Од клубот додадоа дека со оваа победа, баделки го задржаа 100%-от ефект и со максимален учинок влегуваат во кошаркарската Суперлига.

Од екипата на жолто-сините, најмногу се истакнаа Димова со 21 и Стојановска со постигнати 20 поени. Ефикасни на теренот беа и Лазаревска со 12, Димитријевиќ 9 и Адамовска со 7 постигнати поени.

Во редовите на ЖКК „Работнички“, најефикасна на теренот беше Муса со 22 поени.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa