Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Градоначалникот Ѓорѓиевски беше гостин на јубилејот на Здружението “Теледом”

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

На покана на Здружението на Унгарците во Македонија, “Теледом”, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на  манифестација по повод неговото 20-годишно постоење.

На настанот, кој се одржа во Домот на Култура –Кисела Вода, свое обраќање имаше и Амбасадорот на Унгарија, неговата екселенција Ласло Иштван Дукс. Тој ги поздрави присутните, им го честиташе јубилејот на своите сонародници и изрази голема благодарност до Општина Кисела Вода за поддршката што ја дава кон неговиот народ.

Потенцираше дека добрата соработка со оваа локална самоуправа мора да продолжи. 

Градоначалникот на Oпштина Кисела Вода, изрази задоволство што присуствува на ваков настан, на кој се афирмира унгарската култура и традиција во Македонија.

-Почитта кон еден народ, се препознава преку запознавање и негување на неговите културни и историски вредности. Се вреднува преку поддршката на проекти кои придонесуваат кон зближувањето на двата народа. Токму затоа, сакам да најавам дека Oпштина Кисела Вода и понатаму ќе биде силен поддржувач на овие премиси и активно ќе работи на развивање на културните врски со Унгарија и ширењето на унгарската култура.

Ќе продолжиме заедно да го чествуваме Националниот ден на Унгарците, ќе ги одбележуваме значајните датуми и личности за унгарската задница во Македонија, ќе бидеме активен чинител во зближување на двата народа, македонскиот и унгарскиот- истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека искрено верува во продлабочување на соработката помеѓу Општина Кисела Вода и Унгарија преку својата Амбасада во Македонија, како и Здружението на Унгарците во Македонија.

Се надевам дека од неа ќе произлезат проекти не само на полето на културата, туку и на полето на економијата и во сите други сфери во кои постои можност за подигнување на квалитетот за живеење во Кисела Вода-подвлече Ѓорѓиевски.

Благодарност за целокупната поддршка изрази Претседателот на Здружението Теледом, Јожеф Шутуш.

На нaстанот присуствуваа и дел од советниците од Советот на Општина Кисела Вода, какои претставници од општинската администрација. Истиот, имаше за цел да ја промовира унгарската традиција и култура. Настап имаа музичари од ова Здружение кои се претставија на традиционалниот инструмент цитера.

Ликовните уметници со унгарскo потекло, имаа изложба на слики, беше презентиран филм за истакнатите унгарски музичари кои дале свој придонес во македонската култура, а на крајот се служеа и традиционални гастрономски специјалитети специфични за унгарската кујна.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости