Новости

Општина Кисела Вода потпиша два гранта со Светска банка и Министерство за финансии, за проект за рехабилитација на ул. “1“ во село Усје, и за набавка на камионче со прскалка за чистење улици и минибус за превоз на ученици

Рејтинг на корисник:  / 0

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски потпиша два гранта со Светска банка и Министерството за финансии, со кои ќе се реализира проектот за рехабилитација на улица „1“ во село Усје, и ќе се изврши набавка на камионче со прскалка за чистење на улици, како и минибус за превоз на деца.

Повеќе: Општина Кисела Вода потпиша два гранта со Светска банка и Министерство за финансии, за проект за рехабилитација на ул. “1“ во село Усје, и за набавка на камионче со прскалка за чистење улици и...

Општина Кисела Вода започнува со изградба на 2886 метри фекална канализација во с.Усје

Рејтинг на корисник:  / 0

Општина Кисела Вода го потпиша договорот со фирмата “Енергомонт” и со тоа отпочнува изградбата на секундарната фекална канализација во селото Усје.

Повеќе: Општина Кисела Вода започнува со изградба на 2886 метри фекална канализација во с.Усје

На 1 јуни почнува уписот на првооделенците во основните училишта во општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0

Врз основа на член 60 од Законот за основно образование (Сл.Весник на РСМ бр.161/2019) и член 3-б од Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование, основното образование е задолжително за сите деца од шест до петнаесет години. Образованието трае девет години и се организира во три периоди.

Повеќе: На 1 јуни почнува уписот на првооделенците во основните училишта во општина Кисела Вода

Нека ни е честит нашиот најзначаен државен празник, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Рејтинг на корисник:  / 0

Почитувани граѓани,

Денеска кога го празнуваме нашиот најзначаен државен празник, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, Ви упатуваме честитки со порака за чување на нивното огромно дело за човештвото. Светите солунски браќа Кирил и Методиј, како најучени во Византиската империја се најзаслужни за културниот развој на сите словенски народи. Тие преку просветителските мисии успешно ја рашириле писменоста и христијанството помеѓу народите. Браќата потекнувале од богато семејство од Солун, од каде со користење на јазикот на македонските словени ја составиле првата словенска азбука. На одбележувањето на овој голем ден, Ве повикуваме да го чуваме и афирмираме нашиот убав македонски јазик.

Нека ни е честит нашиот најзначаен државен празник, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Фотографија: Манастир Св. Јован Бигорски

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa