Новости

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 7-та пленарна седница

Рејтинг на корисник:  / 4

Ве известуваме дека шестата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 20.09.2013 година (петок), во големата сала на општината  со почеток во 11,00 часот, со следниот дневен ред:

- Усвојување на Записникот  од  6-та  пленарна  седница;

Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 7-та пленарна седница

Нови 70 решенија за легализација во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 4

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ денеска додели нови решенија за легализација на дивоградби на 70 жители на општината. Со тоа, бројот на легализирани објекти во Кисела Вода се искачи на 2.003.

Градоначалникот ги потсети граѓаните дека крајниот рок за доставување на елаборатот е 18-ти јуни 2014 година, што подразбира дека околу 4.500 граѓани од Кисела Вода имаат само уште девет месеци за да ја докомплетираат документацијата, односно да го достават геодетскиот елаборат.

Повеќе: Нови 70 решенија за легализација во Кисела Вода

Се подобрува водоводната мрежа во “Порупи”

Рејтинг на корисник:  / 4

Деновиве, Општина Кисела Вода започна активности за подобрување на водоснабдувањето во месноста “Порупи” во селото Драчево. Имено, по налог на општината, екипи на фирмата Промонтинг ДООЕЛ – Скопје, започнаа градежни активности за подобрување на водоводната мрежа на главниот довод кон високата зона по улицата „Партизански Пат“. На оваа линија се поставуваат полиетиленски цевки со пречник Ф110 мм.

Повеќе: Се подобрува водоводната мрежа во “Порупи”

Покана до медиуми

Рејтинг на корисник:  / 1

Во среда, (18.09.2013), во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти на 70 граѓани.

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ додели благодарници на реализаторите на проектот за обновување на 100 пешачки премини во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 4

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, вчера (12.09.2013) оствари работна посета на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, каде им додели благодарници на реализаторите на проектот “100 пешачки премини за подобра безбедност на 10.000 ученици”.

Благодарници за успешна реализација на овој проект добија Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Министерството за внатрешни работи и компаниите Евроинс Осигурување, Адинг и Кединг од Скопје.

Повеќе: Градоначалникот Беличанец – Алексиќ додели благодарници на реализаторите на проектот за обновување на 100 пешачки премини во Кисела Вода

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Продолжува чистењето на Општина Кисела Вода https://t.co/cBz4c4X2NR
O_KiselaVoda Денес една улица во Кисела Вода без струја https://t.co/kIk0Mgss3Z
O_KiselaVoda Неколку улици во Кисела Вода без струја https://t.co/WsCHh4Pfa8

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата