Новости
По објавено соопштение од страна на Град Скопје, Општина Кисела Вода информира дека од денес поради извршување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на улицата „Антон Попов“, се воведува привремен сообраќаен режим.
Повеќе: Од денес на улицата „Антон Попов“ се воведува привремен сообраќаен режим
Денес, Општина Кисела Вода во рамки на есенската акција започна со активности за чистење на сметот во месните заедници Пинтија и Стаклара – Каменик.
Повеќе: Во тек се активности за чистење на Пинтија и Стаклара – Каменик
Денес, Општина Кисела Вода во соработка со Амбасадата на Република Полска, во паркот Шопен одбележа 169 години од смртта на големиот полски музички великан Фредерик Шопен.
Повеќе: Во Кисела Вода одбележани 169 години од смртта на Фредерик Шопен
Општина Кисела Вода информира дека денес во временскиот период од 08:30 до 12:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улиците Полог и Зеленгора, додека, во периодот од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Антон Димитров, во Драчево.
Од ЕВН Македонија АД соопштија дека прекините ќе бидат заради изведување на технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Денес, во ООУ „Кирил Пејчиновиќ” во присуство на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината Дарио Шимиќ, директорот на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Борис Хрисафов и директорот на училиштето, Сашо Јованоски беше означен крајот на градежните работи за реконструкција на фасадата.
Повеќе: Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада