Новости
Денеска поради уличен дефект од ф80мм на улицата Речиште 38 во Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на селото Драчево. Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот ќе биде од 9 часот до завршување на поправката.
И Општина Кисела Вода се приклучи во одбележувањето на 15 октомври – Меѓународниот ден на Белиот стап. Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со ДУРДМОВ “Димитар Влахов”, под мотото “Градиме здрава, зелена и безбедна иднина”, раководството на Општина Кисела Вода, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски, деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, директорот на Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид, Горанчо Јакимовски, претставници од Сојузот на слепи лица во Македонија, вработени во Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје и бројни гости, засадија овошни дрвца во дворот на ДУРДМОВ “Димитар Влахов”.
Повеќе: Општина Кисела Вода дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на белиот стап
Општина Кисела Вода во рамки на есенската акција за чистење на својата територија, во Припор и Усје изврши целосно расчистување на сметот.
Повеќе: Со есенската акција за чистење во Припор и Усје собрани се 6 тони смет
Општина Кисела Вода на сите граѓани им го честита еден од најсветлите македонски празници, 11 Октомври, Денот на антифашистичкото востание.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, проф. Д-р Вјекослав Танасковиќ, денес потпишаа Меморандум за соработка на овие две институции.