Новости
Општина Кисела Вода информира дека утре од 10:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на ул. Виктор Иго, ул. Драга Стојановска и ул. Невена Горгиева - Дуња.
Општина Кисела Вода информира дека денес поради поврзување на водоводен приклучок од Ф 100 мм на ул.Ѓорѓи Димитров бб од 09:00 часот без вода ќе бидат корисниците на дел од ул. Ѓорѓи Димитров и дел од ул. Вера Јоциќ. Исто така, заради уличен дефект без вода ќе биде и ул. Ратко Митровиќ 5/19 во Драчево.
Продолжува акцијата за собирање на кабаст отпад во Општина Кисела Вода. Откако минатата седмица сезонските работници ангажирани преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита го собраа габаритниот отпад од Пржино, Црниче, Цветан Димов, Бирарија, Кисела Вода и Расадник, оваа седмица ќе бидат опфатени следните месни и урбани заедници:
Повеќе: Од среда ќе се собира кабаст отпад и во другите месни и урбани заедници
По добиено известување од РЦУК – Скопје, Општина Кисела Вода информира дека денес во временскиот период од 08:00 до 12:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од бул. Борис Трајковски (над Канапе Мебел) и ул. 1520.
На синоќешниот натпревар кој се одигра во спортската сала Независна Македонија женскиот кошаркарски клуб Бадел 1862 од Кисела Вода ја порази екипата на Вардар, со резултат 61:51.
Повеќе: ЖКК Бадел од Кисела Вода на чекор до шампионска титула