Новости
По добиено известување од РЦУК Скопје, Општина Кисела Вода информира дека денес во временскиот период од 09:00 до 13:00 без напојување со електрична енергија ќе бидат сите стопански и нестопански објекти кои се во склоп на поранешната фабрика за стакло – Стакларница Скопје.
Согласно добиено известување од ЈП Водовод и канализација, Општина Кисела Вода информира дека заради чистење и хлорирање на резервоарот Драчево, денес, 08.05.2018 год. (вторник), од 09:00 часот до завршување на работите, можно е да има мал прекин во водоснабдувањето на населбата Драчево.
Акција за кабаст отпад започнува во среда во Општина Кисела Вода. Во организација на оваа локална самоуправа, преку Секторот за месна самоуправа и социјална грижа, ќе бидат ангажирани сезонски работници кои во наредните 20-тина дена ќе работат на подигнување на отпадот од поединечните месни и урбани заедници. Секоја седмица ќе бидат опфатени по 6 месни и урбани заедници.
Повеќе: Од среда ќе се собира кабаст отпад во Општина Кисела Вода
Со музика, игра, песна и забава, денес Општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник 6 Мај-Ѓурѓовден.
Повеќе: Општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник- Ѓурѓовден
Голема акција за расчистување на јавните површини и дивите депонии се одвиваше денес во Општина Кисела Вода.
Повеќе: Преку 30 тони отпад собрани денес во Општина Кисела Вода