Новости
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски им даде поддршка на организаторите за реализацијата на вчерашната работилница за „Локално активно вклучување на младите во институциите“ .
Општина Кисела Вода информира дека денес во временскиот период од 08.45 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Томе Арсовски, Антон Попов, Димо Хаџи Димов и објектите во непосредна близина.
Вечерва градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски ќе одржи работен состанок со граѓаните од урбаната заедница Пржино.
Повеќе: Вечерва градоначалникот Филип Темелковски ќе се сретне со граѓаните од УЗ Пржино
Денес во просториите на Општина Кисела Вода Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и Агенцијата за млади и спорт ќе одржат работилница за „Локално активно вклучување на младите во институциите“. Оваа работилница која е поддржана од страна на Општина Кисела Вода ќе започне во 15:00 часот.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, како дел од работните активности кои ги започна пред две недели, вчера одржа состанок со граѓаните од урбаната заедница Бирарија. На овој работен состанок градоначалникот беше придружуван од страна на секретарот Александар Алексовски, како и дел од раководителите на стручните служби од општината. Присутни беа и претставници од ПС Кисела Вода.
Повеќе: Градоначалникот Филип Темелковски вчера се сретна со граѓаните од УЗ Бирарија