Новости

“Ден на музиката на Шопен” во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 1

Утре (29.09.2013) во паркот “Шопен” (во близина на ОУ “Невена Георгиева – Дуња”), со почеток во 17:00 часот, во организација на општината Кисела Вода ќе се одржи културниот настан “Ден на музиката на Шопен”. Граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на вонвременската Шопенова музика за пијано, која е комбинација од уникатен ритмички осет. За целосно доживување на неговата музика, ќе се погрижи професорот во МБУЦ “Илија Николовски – Луј”, г-ѓа Даница Стојанова и нејзините студенти, кои ќе одржат целовечерен концерт на отворена сцена.

Повеќе: “Ден на музиката на Шопен” во Кисела Вода

52 семејства со новороденчиња од Кисела Вода добија еднократна парична помош

Рејтинг на корисник:  / 3

На пригоден начин денеска во Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, денеска по трет пат свечено додели ваучери на 52 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош во висина од 6.000 денари.

-“Откако ја донесовме одлуката за доделување на еднократна парична помош во износ од 6.000,00 денари, на секое семејство од општината со принова, за неполни четири месеци доделивме преку 100 ваучери, што говори дека нашата цел, полека но сигурно се исполнува. Тоа е да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, но истовремено и да им помогнеме на овие семејствата со скромни средства кои сигурно им се и повеќе од потребни” – порача Беличанец – Алексиќ.

Повеќе: 52 семејства со новороденчиња од Кисела Вода добија еднократна парична помош

Покана до медиуми

Рејтинг на корисник:  / 0

Во недела, (29.09.2013), со почеток во 17:00 часот, во паркот “Шопен” (во близина на ОУ “Невена Георгиева – Дуња”) ќе се одржи културниот настан “Ден на музиката на Шопен”, каде со интепретација на делата на Фредерик Шопен ќе настапи проф. Даница Стојанова од МБУЦ “Илија Николовски – Луј” и нејзини студенти.

На настанот ќе присуствува градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и претставници на Амбасадата на Република Полска во Република Македонија.

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Покана до медиуми

Рејтинг на корисник:  / 0

Во сабота, (28.09.2013), во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 11:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош на 52  семејства со новороденчиња од општината.

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Градоначалникот Беличанец - Алексиќ ги посети урбаните заедници “11-ти Октомври-згради” и “Никола Кљусев”

Рејтинг на корисник:  / 1

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ заедно со раководниот тим од општината и претставници од подрачните единици на јавните претпријатија, вчеравечер ги посетија урбаните заедници “11-ти Октомври-згради” и “Никола Кљусев”.

Жителите на овие населби се заблагодарија на градоначалникот за досега сработеното во овие урбани заедници, но и имаа можност да искажат свои идеи, предлози и сугестии за подобрување на работата на локалната самоуправа во делот на сервисирањето на комуналните услуги.

Повеќе: Градоначалникот Беличанец - Алексиќ ги посети урбаните заедници “11-ти Октомври-згради” и “Никола Кљусев”

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Од денес на улицата „Антон Попов“ се воведува привремен сообраќаен режим https://t.co/eYj7BZCmx9
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во тек се активности за чистење на Пинтија и Стаклара – Каменик https://t.co/Lrone9unY2
O_KiselaVoda Во Кисела Вода одбележани 169 години од смртта на Фредерик Шопен https://t.co/BU62mgfMkD