Новости
Општина Кисела Вода денес додели 38 ваучери за новороденчиња на семејствата со принова од овој дел на градот. Се работи за 19 машки и 19 женски дечиња.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, секретарот на општината, претседателот на Совет, раководителите на повеќе сектори од општината, претставници од Полициската станица Драчево, советници во Советот на Општина Кисела Вода беа дел од вчерашнaта средба со жителите на населбата Драчево.
Повеќе: По средбите во Драчево, вечерва градоначалникот на средби со жителите на Пинтија
Со вчераодржаната средба во селото Драчево започна циклусот на средби на градоначалникот Филип Темелковски со жителите на сите месни и урбани заедници од Општина Кисела Вода. Заедно со секретарот и раководителите на повеќе сектори од Општината, тој дискутираше за потребите и проблемите што ги имаат жителите на овој дел од Скопје.
Повеќе: Градоначалникот Темелковски вечерва на средби со жителите на населба Драчево
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, оствари средба со Крис Хеншоу, директор на Националниот демократски институт (НДИ) и Александра Цветковска, виша менаџерка на програма во НДИ. На состанокот присуствуваше и советничката од оваа Општина Јасна Саздовска.
Повеќе: Градоначалникот Темелковски оствари работна средба со Крис Хеншоу од НДИ
Вечерва градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски ќе има средба со жителите на селото Драчево. Во просториите на ООУ “Св. Климент Охридски”, тој од 19 часот, заедно со раководителите на повеќе сектори од Општината, ќе разговара со жителите од овој дел на градот и заеднички ќе бараат решение за проблемите со кои тие се соочуваат, а за чие решавање има надлежност оваа локална самоуправа. Воедно, сите жители на селото Драчево ќе можат да изнесат и други идеи и предлози за подобрување на условите во кои живеат.
По завршувањето на оваа прва средба од циклусот средби со граѓаните од сите месни и урбани заедници од Општина Кисела Вода, ќе биде извршен и избор на членови на советот за месната заедница.