Новости
Со желби за многу здравје, радост, среќа, љубов, успех и благосостојба, Општина Кисела Вода ви ја честита Новата 2018 година!
Предновогодишно, 58 семејства од Општина Кисела Вода добија ваучери за своите новороденчиња. Оваа локална самоуправа и во 2018-та продолжува со доделувањето на еднократна парична помош за новородените жители на своја територија.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели 58 ваучери за новороденчиња
Во присуство на нивните семејства денес беа откриени скулптурите на легендите на македонската народна песна Никола Бадев и Пеце Атанасовски. Скулптурите се поставени во паркот Македонија, во кругот на новиот Дом на култура. Леани се во бронза, во природна големина, поставени на постамент обложен со травертин.
Повеќе: Спомен-обележја на Никола Бадев и Пеце Атанасовски во Кисела Вода
Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”, институции кои се лоцирани на територија на општина Кисела Вода.
Повеќе: Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”
На петтата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа денес, 25 декември 2017 година (понеделник), беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на Oпштина Кисела Вода ја одржa Петтата пленарна седница