Новости
Вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути, познатиот македонски тамбурашки оркестар “Гезме“ ќе одржи целовечерен концерт во верско рекреативниот центар Три круши.
Повеќе: Тамбурашкиот оркестар “Гезме“,вечерва на “Три круши 2017“
Во изминатиот четиригодишен период, Општина Кисела Вода инвестираше во бројни проекти и во УЗ Црниче.
Реконструирани се повеќе улици, изведени се тротоари, а беше одговорено и на дел од најголемите барања и потреби на жителите од овој дел на градот, што подразбира дека беше извршена темелна реконструкција на ПОУ “Кузман Јосифовски Питу“ и отворена првата градинка во Црниче – “Перуника“.
Правејќи напори да им го подобри секојдневието на своите жители, Општина Кисела Вода досега реализираше бројни проекти и во населбата 11 Октомври Бараки, како за подобрување на инфраструктурата, така и за разубавување на овој дел од населбата со хортикултурно уредување.
Општина Кисела Вода во изминатиот четири годишен период инвестираше во изградба на прифаќање на отпадни води, како изградба на фекални мрежи, така и на изградба на атмосферски мрежи се со цел за подобрување на подземната инфрaструктура која беше неопходна во населба Драчево.
Повеќе: 3440 метри фекална и атмосферска канализација изградена во населба Драчево
Синоќа во рамки на културното лето „Три круши 2017“ одличен концерт одржа фолк групата “Дипломатик бенд“.
Повеќе: Одличен концерт на “Дипломатик бенд“ на “Три круши 2017“