Новости
Општина Кисела Вода известува дека во текот на утрешниот ден, петок, 17 февруари 2017 год., без во периодот од 8.30 до 15 часот ќе останат без електрична енергија жителите на улиците “Балзакова”, “Невена Георгиева Дуња”, “Дренак” и “367” , додека прекин во снабдувањето со електрична енергија од 12 до 14 часот ќе имаат корисниците од делови од улиците “Георги Димитров”, “Тодор Паница” и “Вера Јоциќ”.
Општина Кисела Вода во соработка со град Скопје и ЈП Комунална хигиена продолжува со реализација на проектот за поставување на подземни контејнери.
Повеќе: Поставени нови подземни контејнери во општина Кисела Вода
Продолжуваат активностите на локалната самоуправа за подобрување на условите во сите училишта на територија на општина Кисела Вода. Неодамна беше завршена реконструкцијата на санитарните јазли во во ЦОУ “Круме Кепески”.
Повеќе: Општина Кисела Вода реконструира санитарни јазли во неколку училишта
Интензивно работејќи на подобрување на патната инфраструктура, Општина Кисела Вода со свои финансиски средства ќе изврши реконструкција (рехабилитација) на коловоз на ул. Партизански пат во с. Драчево. За таа цел преку бирото за јавни набавки е распишан оглас со кој се повикуваат сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат понуди за градежни работи кои вклучуваат реконструкција (рехабилитација) на коловоз на ул. Партизански пат во с. Драчево.
Заинтересираните понудувачи можат да добијат дополнителни информации на следнава интернет адреса https://e-nabavki.gov.mk на која е објавена целокупната тендерска документација.
Понудите може да се доставуваат преку електорнскиот систем на бирото за јавни набавки најдоцна до 03.03.2017 до 11:00 часот.
Работејќи во насока на подобрување на патната инфраструктура, општина Кисела Вода ќе реализира проект за рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот. Преку проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП, општина Кисела Вода доби финансиски средства за рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот во село Драчево. Општина Кисела Вода ги повикува сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот во село Драчево.
Заинтересираните подобни понудувачи можат да добијат дополнителни информации секој работен ден од 08:30 до 16:30 во општината на ул. Петар Делјан бр.17 или на телефон: 02/2785-417, Факс: 02/2785-417, Електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Огласот може да се најде и на следниов линк www.kiselavoda.gov.mk/index.php/2012-12-25-11-39-05 .