Новости
Општина Кисела Вода согласно информацијата добиена од Центарот за управување со кризи, а по известување добиено од ЕВН, информира дека утре во периодот од 09.00 до 11.00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците “Мариовска”, “Кавалска” и “Марко Орешковиќ”
Со желби за здравје, среќа, мир и семејна хармонија, општина Кисела Вода им го честита Божик на сите припадници на католичката вероисповед. Нека љубовта, добрината и меѓусебната почит го исполнат вашиот дом и бидат главниот двигател во годината што е пред нас.
Мир божји, Христос се роди!
“Традиционална македонска посна трпеза” се одржа во ООУ “Невена Георгиева Дуња” во општина Кисела Вода. Посните македонски традиционални специјалитети и годинава беа подготвени од родителите со учениците, наставниците, соработниците од сите општински училишта од овој дел на градот.
Повеќе: “Традиционална македонска посна трпеза” во ООУ “Невена Георгиева Дуња”
Општина Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода организира крводарителска акција која ќе се одржи утре, петок, на 23 декември , од 11 до 15 часот, во големата сала на општината. Акцијата е традиционална и се организира во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје.
На 47-та седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 22.12.2016 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 47-та пленарна седницa