Новости
На 46-та седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 11.11.2016 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 46-та пленарна седницa
Ве известуваме дека четириесет и шестата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 11 ноември 2016 година (петок) со почеток во 11,00 часот
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 46 - пленарна седница
Средба со жителите на урбаните заедници 11 Октомври згради и Цветан Димов , вечерва оствари градоначалникот на општина Кисела Вода и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставник од ЈП “Водовод и канализација” и од Полициската Станица од Општа Надлежност- Кисела Вода, кои имаат надлежност да ги решаваат најчестите проблеми на граѓаните.
Продолжуваат средбите на градоначалникот на општина Кисела Вода со жителите на месните и урбаните заедници од овој дел на градот. Заедно со тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставници на јавните претпријатија при градот Скопје и повеќе институции кои имаат надлежност да ги решаваат најчестите проблеми на граѓаните од локално значење, вечерва беа посетени месната заедница Усје и урбаната заедница 11 Октомври бараки.
Повеќе: Градоначалникот на општина Кисела Вода во посета на Усје и 11 Октомври бараки
Во рамки на редовните посети на месните и урбаните заедници, градоначалникот на општина Кисела Вода, заедно со Претседателот на Советот, и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставници на јавните претпријатија при градот Скопје и неколку други институции кои имаат надлежност да ги решаваат најчестите проблеми на граѓаните од локално значење, вечерва остварија средби со жителите на село Драчево и Пинтија.