Новости
Без електрична енергија денес од 11:00 до 14:30 часот ќе бидат корисниците на улица „Речиште“ во селото Драчево.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради закажани технички зафати во мрежата.
Од 08:30 до 10:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците на улица „Борис Трајковски“ подулици 3 и 4.
8 негуватели за деца на возраст до 5 години ќе бидат привремено вработени во градинките во општина Кисела Вода. Работниот ангажман ќе се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу општина Кисела Вода, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ).
Повеќе: Општина Кисела Вода на оглас бара негуватели за деца до 5 години
Невремето не ја одмина општина Кисела Вода. Со оглед на специфичната конфигурација на теренот, бидејќи еден дел од општина Кисела Вода се наоѓа во подножјето на Водно, а дел во поднoжјето на Китка, после поројниот дожд, имаше одредено неконтролирано излевање на води. Во голем дел тоа беа природни води од Водно и од Китка, а приливот беше уште поголем со оглед на тоа што Водно изобилува со подземни води кои завршија по главните делници, како и по повеќе споредни улици на територијата на општина Кисела вода.
Општина Кисела Вода ги отвори сите основни училишта на своја територија за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја. Од 08 до16 до часот, сите хумани граѓани во рамките на своите можности можат да донираат помош која во моментов е најпотребна.
Паралелно, за хуманитарна помош се отворени и месните заедници низ општината, од 06:30 до 22часот, каде граѓаните, во близина на својот дом, можат да достават помош за настраданите. Во моментов, најпотребни се флаширана вода, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства.
Општина Кисела Вода, во текот на вчерашниот ден, на вонредна седница на Советот, со едногласна поддршка од сите советници, донесе одлука од својот буџет да издвои средства во висина од 2 милиони денари за најпогодените жители на општина Кисела Вода и 600 000 денари за помош на општина Гази Баба.
Вонредна седница која започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од невремето, одржа денес Советот на Општина Кисела Вода. Со цел да им се помогне на настраданите граѓани од поплавите во град Скопје, едногласно беа донесени две одлуки за давање на парична помош.