Новости
Хумор и песна вечерва на "Три круши". Настап на Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски и Момо Николовски
Хумористична театарска претстава со Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски вечерва ќе биде изведена на локалитетот Три круши во село Драчево. Освен во актерската игра, публиката ќе може да ужива и во музичкиот настап на Момо Николовски.
Вечерва, со почеток во 20:30 часот на Три круши во селото Драчево ќе настапи групата Фортуна. Концертот кој претходно беше одложен поради временските непогоди, е дел од културното лето “Три круши” во организација на општина Кисела Вода.
Освежувачи за воздух за во автомобил на кои е испишана пораката ““Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил” вчера на возачите низ Кисела Вода им делеа претставници од Општина Кисела Вода, Одделението за превенција при СВР Скопје и ПСОН-Кисела Вода.
Повеќе: Проект за превенција од кражби во општина Кисела Вода
Oпштина Кисела Вода, преку секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП Комунална хигиена на 29.07. и 30.07. 2016 година, од 07,00 – 11,00 часот ќе спроведе акција за собирање на КАБАСТ отпад на територија на општината.
Општина Кисела Вода информира дека поради најавите за невреме, концертот на групата “Фортуна" кој требаше да се одржи вечерва на локацијата Три Круши, се одложува. Воедно, се одложува и хумористичната театарска претстава со Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски проследена со музички настап на Момо Николовски, закажан за утревечер.
Повеќе: Најавите за временските непогоди ги одложија закажаните концерти на Три Круши