Новости

Завршија посетите на месните и урбани заедници во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 4

Со посетата на месните заедници Стаклара - Каменик и Кисела Вода, вчера градоначалникот Беличанец - Алексиќ и претставниците од општинската администрација го завршија циклусот посети на сите месни и урбани заедници во општината Кисела Вода.

Целта на посетите беше граѓаните на овие населени места изворно да се запознаат со тековните проекти на општината, но и со проектите кои се во план да се реализираат во следниот период.

Повеќе: Завршија посетите на месните и урбани заедници во Кисела Вода

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ќе ги посети месните заедници Стаклара - Каменик и Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 3

Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, заедно со претседателот на Советот на општината Трајче Донев, раководниот тим од општината и претставници од подрачните единици на јавните претпријатија во Градот Скопје, вечeрва ќе ги завршат  посетите на месните и урбани заедници во општината.

Повеќе: Градоначалникот Беличанец – Алексиќ ќе ги посети месните заедници Стаклара - Каменик и Кисела Вода

“Отворени денови со катастарот” за жителите на Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0

Општина Кисела Вода ги известува граѓаните дека Агенцијата за катастар на недвижности, традиционално седма година по ред ќе организира работни средби на стручните тимови од Агенцијата со граѓаните, со цел предочување и надминување на проблемите од областа на катастарот.

Повеќе: “Отворени денови со катастарот” за жителите на Кисела Вода

Дел од Кисела Вода без струја

Рејтинг на корисник:  / 0

Дел од корисниците од улицата „Румена Хаџи Панзова“ во населбата Драчево денес од 8 до 10 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 9:30 часот пак, струја ќе немаат и дел од корисниците од улицата „Студеничанска“ во село Драчево.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините во снабдувањето со електрична енергија се заради реализација на инвестициски зафати од ЕВН Македонија за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони.

Се реконструираат улици во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 2

Општина Кисела Вода продолжува со интензивните градежни активности за асфалтирање на нови и реконструкција на постоечки сервисни улици на нејзината територија.

Во таа насока, во рамките на своите активности за подобрување на сообраќајната инфраструктура на нејзината територија, општината во изминатиот месец реконструираше околу 27 сервисни улици во 5 месни и урбани заедници, каде е поставен асфалт на вкупна површина од околу 5.000 квадратни метри.

Повеќе: Се реконструираат улици во Кисела Вода

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода врши енергетска обнова на градинката „Мимоза“ https://t.co/QkieC2epRJ
16hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со бизнис заедницата и со претставници на спортските клубови од Кисела… https://t.co/D17qip19j6
O_KiselaVoda Се дополнува катастарот на зеленило во Општина Кисела Вода https://t.co/rONmbMELlf