Новости

Конституиран е Совет на потрошувачите во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 2

Конституиран е Советот на потрошувачите, како постојано тело на Советот во Општина Кисела Вода. Неговата задача е да ги застапува интересите и правата на потрошувачите, со што би се подобрил квалитетот на услугите на јавните служби во Општината.

Повеќе: Конституиран е Совет на потрошувачите во Кисела Вода

“ОТВОРЕНО СО КАТАСТАРОТ” за село Драчево

Рејтинг на корисник:  / 2

Во среда, на 12 февруари, во периодот од 09:00 до 18:00 часот,  жителите на село Драчево  ќе можат непосредно пред  преставниците од  Катастарот да ги презентираат своите проблеми  од областа на имотно-правните односи,  барањата за легализација, добивањето на имотните листови. Работните средби со граѓаните ќе се одвиваат во просториите на Центарот за катастар на недвижности-Скопје, на ул. “Дрезденска” бб, (кај Педагошкиот  факултет). Истите, претходно треба да се закажат на телефоните  02/3097-300 и 3097-337 од 10 до 15 часот. Од Агенцијата за катастар на недвижности информираат дека ова е седма година откако оваа институција спроведува контролно-работни посети на катастрите низ Македонија.

Драчево утре без вода

Рејтинг на корисник:  / 2

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека во текот на утрешниот ден, во периодот од 9:30 до 15 часот ќе има прекин  во водоснабдувањето  за корисниците од населбата и селото Драчево.

Повеќе: Драчево утре без вода

Завршени новите пешачки скалила во Црниче

Рејтинг на корисник:  / 5

Завршени се новите пешачки скалила во населбата Црниче. На местото од старите дотраени,  од улицата „Чедомир Кантарџиев“ до улицата „Наум Охридски“ во должина од 110 метри се простираат нови проширени поплочени скалила , со потпорен ѕид,  обложен со кршени павер елементи. Исти вакви скалила, но во должина од 85 метри се протегаат и  меѓу улиците „Партение Зографски“ и „Павел Шатев“.

Повеќе: Завршени новите пешачки скалила во Црниче

Повеќенаменско игралиште во с.Драчево

Рејтинг на корисник:  / 9

Во заедничка посета  на ОУ “Св.Климент Охридски” во село Драчево каде ќе биде лоцирано новото повеќенаменско играчиште, денес беа градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и новиот директор на Агенцијата за Млади и Спорт, Марјан Спасески.

Градежните активности од страна на фирмата “Бауер БГ” се во полн ек. Игралиштето ќе се протега на вкупна површина од  1.300 квадратни метри, и ќе содржи два гола за мал фудбал и ракомет, како и четири коша. Ќе располага со сите спортски реквизити и урбана опрема, ќе биде комплетно осветлено  за да може да се користи и во вечерните часови. Изградбата ја финансира Владата на РМ, преку Агенцијата за млади и спорт. Вкупната негова вредност изнесува 7 398 000 денари.

Повеќе: Повеќенаменско игралиште во с.Драчево

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa