Новости

Покана до медиуми

Рејтинг на корисник:  / 0

Во среда, (20.11.2013) Лионс Клуб Центарот од Скопје, ќе донира 100 бели рози кои ќе се засадат на три локации во Општина Кисела Вода: парк “Фредерик Шопен”, дворот на градинката “Мимоза” и дворот на ОУ “Кирил Пејчиновиќ”. (Изјава за медиуми во паркот Шопен, 15:00 часот).

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Децата од градинките од Кисела Вода ќе го развиваат креативниот потенцијал во областа на ликовната и драмската уметност

Рејтинг на корисник:  / 5

Општина Кисела Вода е прва од општините во градот Скопје која почна со реализација на проектот за развој и унапредување на свеста за значењето на културата и уметноста со цел развивање на креативниот потенцијал на најмладите и доусовршување на воспитно-образовниот кадар во областа на ликовната и драмската уметност. Проектот е предвиден како дел од “Стратегијата со акциски план за развој на културата на Град Скопје за периодот 2012-2015 година”, а ќе се реализира во Јавните детски градинки “8-ми март” и “Весели Цветови”  со воспитувачите и децата од најголемите групи во сите објекти.

Повеќе: Децата од градинките од Кисела Вода ќе го развиваат креативниот потенцијал во областа на ликовната и драмската уметност

Без струја денес дел од Драчево

Рејтинг на корисник:  / 0

Поради интервенции што ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија АД денес во  периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе биде исклучена струјата на улицата "Киро Фетак" во Драчево.

Прекинот е заради реализација на на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од овој реон.

Градинката „8-ми Март“ од Општина Кисела Вода доби зелено знаме

Рејтинг на корисник:  / 4

Јавната детска градинка „8-ми Март“ од Општина Кисела Вода  се здоби со статусот “зелено знаме” што значи највисок статус на еколошка градинка.
Статусот “зелено знаме” се одобрува во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ што се имплементира преку Министерството за образование и наука според потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.

Повеќе: Градинката „8-ми Март“ од Општина Кисела Вода доби зелено знаме

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ додели нови 40 решенија за легализација

Рејтинг на корисник:  / 2

На свечен начин денес, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ по шеснаесети пат додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти на 40 граѓани од општината.

Во своето обраќање градоначалникот уште на самиот старт упати апел до сите жители на општината да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакуум простор, бидејќи ќе се соочат со Општинската градежна инспекција.

Повеќе: Градоначалникот Беличанец – Алексиќ додели нови 40 решенија за легализација

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во Пинтија се асфалтираат улици и се гради атмосферска канализација https://t.co/1hbc721C4R
O_KiselaVoda Градоначалниот Филип Темелковски другаруваше со дечињата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Д… https://t.co/RfOoAFtPHj
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода сади 700 багреми покрај патот кон Теферич https://t.co/1rXwo3TmXp