Новости
Општина Кисела Вода им го честита Рамазан Бајрам на сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија со желби за добро здравје, благосостојба, меѓусебно разбирање, почит и љубов.
Со настапот на етно групата “Љубојна”, вечерва општина Кисела Вода свечено ќе го отвори годинешното културно лето. Целовечерниот концерт ќе се одвива во Паркот на бранителите во населбата Драчево, со почеток во 20:30 часот.
Повеќе: Концертот на “Љубојна” вечерва во Паркот на бранителите во населбата Драчево
Општина Кисела Вода информира дека поради временските неприлики, концертот на групата "Љубојна" со кој требаше да се отвори културното лето “Три круши 2016” и беше закажан за вечерва, се одложува. Воедно, се одложува и театарската претстава "Чолак", која требаше да се одржи утре вечер. Истите ќе бидат одржани во нов термин, за кој општина Кисела Вода дополнително, навремено ќе ве извести.
Со настапот на етно групата Љубојна вечерва општина Кисела Вода свечено го отвора културното лето “Три круши 2016” . Целовечерниот концерт ќе се одвива на истоимената локација, во преубавиот верско-рекреативен комплекс во селото Драчево. Почетокот е закажан за 20:30 минути. Општина Кисела Вода ги поканува сите љубители на музичката експресија на овој состав да бидат дел од вечерашното случување на Три круши.
На 42-та седница на советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 01.07.2016 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 42-та пленарна седница