Новости
Единаесетта година по ред општина Кисела Вода ќе го реализира проектот од Програмата за култура за 2016 година „Културно лето Три Круши 2016“ на истоимениот културно верски рекреативен центар во с. Драчево. Програмата ќе се реализира во периодот од 01.07.2016 год. (петок) до 30.07.2016 год. (сабота) со 10 културни настани, сите со почеток од 20.30 часот.
Ве известуваме дека четириесет и втората пленарна седница на советот на општина Кисела Вода ќе се одржи на 1 јули 2016 година (петок) со почеток во 11:00 часот
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 42-та пленарна седница
Синоќа, во новоотворениот Дом на култура “Кисела Вода Кино”се одигра првата театарска претстава “Чолак”во продукција на Драмскиот театар од Скопје. Преку час и половина квалитетна актерска игра која донесе многу смеа од публиката и официјално културниот дом беш ставен во функција.
Нова детска градинка со капацитет за згрижување на 80 до 100 деца од предучилишна возраст беше пуштена во употреба денеска во населбата Пинтија во Општина Кисела Вода. Градинката „Ѓурѓица“, дел од ЈДГ „Весели Цветови“ е со површина од 420 метри квадратни. Има три занимални и едни јасли. Изградена е по снадардите за енергетска ефикасност.
Повеќе: За роденденот на општина Кисела Вода Пинтија доби детска градинка
Во организација на општина Кисела Вода и Здружението на пензионери од општина Кисела Вода, во паркот Шопен денес се одржа традиционална хуманитарна коријада.
Повеќе: Се одржа хуманитарна коријада во општина Кисела Вода