Новости
На 39-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 27.04..2016 година, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 39-та пленарна седница
По изградбата на водоводна мрежа во месноста Три круши, во должина од околу 1700 метри, за да се овозможи непречено водоснабдување сега течат активностите за санација на некогаш изградениот резервоар во месноста Порупи, кој досега не бил ставен во функција.По налог на општина Кисела Вода пред еден месец беше изграден нов испуст до каналот и во моментов се врши реконструкција на фасовските елементи во внатрешноста на резервоарот и мократа комора.
Ве известуваме дека триесет и деветтата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 27 април 2016 година (среда) со почеток во 11,00 часот.
- Усвојување на Записникот од 38-та седница на Советот;
1.Предлог-Програма за дополнување на Програмата (Ј) Комунални дејности на Општина Кисела Вода за 2016 година, Подпрограма (ЈНО) урбана опрема;
2.Пердлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко планска документација по предмет Уп.бр.08-2222 од 02.06.2011 година;
3.Предлог-Одлука за донесување на ДУП Градски четврт Ј20, блок 01 Општина Кисела Вода – Скопје, плански период 2015-2020;
4.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Стојанчо Николов;
5.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Гордана Каменаровска;
6.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7.
Имајќи ги во предвид своите законски надлежности во доменот на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните, Општина Кисела Вода отпочна со постапка заизработка на вториот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП), за периодот од 2016-2021.
Овој документ претставува највисок локален стратешки документ за управување и заштита на животната средина на ниво на општина. ЛЕАП документот претставува основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, преку проценка на моменталната состојба,идентификација на проблеми, дефинирање на мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата. Вклучувањето на јавноста во изработката на ЛЕАП-от е од суштинско значење,поради што општина Кисела Вода ја повикува целата јавност во следење на процесот на изработка и имплементирање на локалниот еколошки акционен план. Во тој контекст, ги повикуваме сите оние граѓани кои сакаат да земат активно учество и го дадат својот придонес во некоја од работните групи за изработка на ЛЕАП да се пријават и да ги остават своите податоци во Општина Кисела Вода.
Работни групи/тематски области:
- Вода
- Воздух и бучава
- Природа
- Почва
- Отпад
Сите заинтерсирани граѓани кои сакаат да земат учество во овој процес може да се пријават кај локалниот координатор за изработка на ЛЕАП: Кирју Николоски, на телефон: 070 241-556 или e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Рокот за пријава за учество во процесот е до 09.05.2016
Општина Кисела Вода пушти во употреба ново детско игралиште во населбата Драчево. Изградено како замок, по најсовремени стандарди, со модерни реквизити кои ја поттикнуваат детската фантазија и креативност, се протега на 180 м2 во Паркот на бранителите.
Повеќе: Општина Кисела Вода отвори ново детско игралиште во населбата Драчево