Новости
Повеќе од 150 деца, околу 100 родители, 25 вработени од градинката “8 Март” од општина Кисела Вода, претставници од бизнис заедницата, изминатата седмица засадија околу 100 различни видови на сезонско цвеќе и активно се вклучија во Светските денови на акција 2016, заедно со децата од дури 57 земји ширум светот.
Повеќе: "Светски денови на акција 2016" во еко градинкaта "8 Март"
Во финалето на одбојкарскиот турнир „Ѓурѓовден 2016“ во женска конкуренција, славеа одбојкарките на ОУ „Партенија Зографски“. Избраничките на професорот Мартин Мартиновски беа поуспешни во два сета од своите врсници од ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ“.
Повеќе: Пехар за одбојкарскиот тим од ОУ „Партенија Зографски“
Со засадување на дрвја придонесуваме кон митигација на климатските промени и загадувањето на воздухот, заштита на биодиверзитетот и поддршка на нашите заедници и нивната благосостојба - беше клучната порака од денешниот настан за одбележување на Денот на планетата Земја кој се одржа во ООУ “Партениј Зографски” во општина Кисела Вода. Настанот е во организација на УНДП и УСАИД во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Шведска, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Повеќе: Одбележан Денот на планетата Земја во општина Кисела Вода
По повод патрониот празник ,,Ѓурѓовден“, општината Кисела Вода организира спортски турнири во пет спортови, на кои учествуваат ученици од осумте училишта кои гравитираат во Општината. Денеска, во спортската сала ,, Архиепископ Доситеј“ заврши натпреварувањето во мал фудбал.
Повеќе: Учениците од ОУ „Невена Георгиева - Дуња“ го освоија пехарот
,, Мултимедијален хепенинг на отворен простор “ се одржа денес во паркот Македонија во општина Кисела Вода. На ова ликовно-музичко случување, учесници беа ученици од сите основни училишта во општина Кисела Вода, од ДУРДМОВ ,, Димитар Влахов “, од ПОУ ,, Златан Сремец “ и дечиња од ,, Дневен центар за деца од улица “ кој е во склоп на ЈДГ ,, Весели цветови “ - објект ,, Сончоглед “.