Новости
Општина Кисела Вода заедно со друштвото за управување со отпад „Нула Отпад” денес започна голема еколошка акција за собирање на електронски и електричен отпад. Од 10 часот утринава, на повик од општината, жителите на три урбани заедници, 11 Октомври-бараки, 11 Октомври-Згради и Цветан Димов, ги носат старите и неупотребливи мали и големи електрични апарати, компјутери и компјутерска опрема, телевизори, видео рекордери, музички системи, електрични алатки во своите месни заедници, за што добиваат вредносни ваучери.
Повеќе: Акција за собирање на е-отпад во општина Кисела Вода
Утре, сабота, 28.11.2015, во 10:30 минути, МЗ 11 Октомври-бараки (последна автобуска станица на линијата 4), Општина Кисела Вода заедно со друштвото за управување со отпад “Нула Отпад” отпочнува голема еколошка акција за собирање на електронски и електричен отпад (стари и неупотребливи мали и големи електрични апарати, компјутери и компјутерска опрема, телевизори, видео рекордери, музички системи, електричен алат...), која до крајот на годината ќе се спроведува во сите урбани и месни заедници на територија на оваа општина.
4262 дивоградби досега легализираше општина Кисела Вода. На денешното јавно доделување на 50 нови решенија, претседателот на Советот Трајче Донев ја потенцираше важноста на стекнувањето со правен статус на објектите и за општината, но пред се’, за граѓаните. Наведе дека оваа локална самоуправа презема низа мерки, со цел процесот на легализација да тече со задоволителна динамика.
Повеќе: Општина Кисела Вода реши 4262 предмети за легализација
Општина Кисела Вода ги известува жителите на улиците Саса“ 4 (по ново ул. „1515“) и од улицата „Саса“ број 2 дека утре во периодот од 8.30 до 9.30 часот ќе останат без струја. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, граѓаните ќе останат без електрична енергија заради технички зафати во електросистемот.
35% од дивоградбите во општина Кисела Вода, за кои имателите навремено и целосно ја доставија потребната документација до административните служби, се легализирани. Со денешното јавно доделување, бројот на легализирани објекти се искачи на 4212-истакна во своето обраќање пред присутните граѓани градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.
Повеќе: Општина Кисела Вода легализираше 35% од дивоградбите