Новости
Денес, во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ ги подигна решенијата за одобрена финансиска поддршка од оваа институција. Со овие решенија, ќе бидат реализирани два проекта за кои аплицираше општина Кисела Вода, преку Секторот за локален економски развој.
“Соседска патрола” се одвиваше синоќа во општина Кисела Вода.
Повеќе: "Соседска патрола" низ општина Кисела Вода за поголема безбедност на граѓаните
Со популарната “Не кани ме”, фолк ѕвездата Миле Кузмановски синоќа го отвори својот концерт пред публиката во Паркот на бранителите во населбата Драчево. Повеќе од час и половина ги забавуваше присутните со своите најголеми хитови кои заедно со него ги пееја популарните рефрени, играа и се забавуваа.
Повеќе: Одличен концерт на Миле Кузмановски синоќа во Драчево
Вечерва со почеток во 20:30 часот, во Паркот на бранителите во населба Драчево, концерт ќе одржи популарниот македонски фолк изведувач Миле Кузмановски. Истиот е дел од културното лето „Три круши“ и беше два пати одложуван поради неповолните временски услови.
Повеќе: Вечерва концерт на Миле Кузмановски во Паркот на бранителите
Општина Кисела Вода отпочна со реконструкција на тротоарите и изградба на паркинг простор на улицата “Иван Козаров” до спојот со улицата “Божидар Аџија”. Иако еднонасочна, се работи за една од најфреквентните улици на која се одвива интензивен сообраќај и на која, со оглед на фактот што води кон средното економско училиште, секојдневно поминуваат голем број на пешаци.
Повеќе: Реконструкција на тротоарите и изградба на паркинг простор на “Иван Козаров”