Новости
Во организација на општина Кисела Вода, вечерва, сабота, 01.08.2015, по повод големиот национален празник Илинден, во Паркот на бранителите во населбата Драчево, концерт ќе одржи Зуица Лазова. Љубителите на македонската народна музика, ќе имат можност да уживаат во нејзините најголеми хитови од 20:30 часот.
Повеќе: Концерт на Зуица Лазова вечерва во Паркот на бранителите
Долгогодишниот проблем со слаб притисок на водата, особено во летниот период, што го имаа повеќе од 1000 жители на месноста Три круши, во селото Драчево, наскоро ќе биде решен.
Повеќе: Општина Кисела Вода гради водоводна мрежа во месноста Три Круши
Семејствата на новите 40тина жители на општина Кисела Вода, денес од градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ добија ваучер во вредност од 6000 денари. Со денешното, 25то по ред доделување на еднократна помош за новите родители од општината, бројот на досега доделени ваучери се искачи на 1100.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец-Алексиќ додели ваучери за новороденчињата од општина Кисела Вода
Жителите на село Драчево ќе добијат ново место за прошетки и рекреација.
Општина Кисела Вода отпочна со чистење на каналот на реката Мала Рада. Екипите на фирмата Водостопанство Скопско поле, ангажирани од страна на општината работат на расчистување на згуснатата вегетацијата, наталожената тиња, како и на целиот отпад фрлен од несовесните граѓани, кои можат да влијаат врз намалување на пропусната моќ на оваа река, а со тоа и нејзино излевање во случај на обилни врнежи. Акцијата што е започната деновиве ќе трае до крај на месецов.
Повеќе: Општина Кисела Вода го чисти коритото на реката Мала Рада