Новости
Утре, среда, 06 мај 2015, во 11 часот, во рамки на одележувањето на патронатот на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на "Мобилност Македонија" Бранимир Јовановски, ќе го отворат новоизграденото игралиште за деца со посебни потреби во населба Кисела Вода.
Се уредуваат тревните површини во општина Кисела Вода. Денес, во организација на Секторот за месна самоуправа и за соработка со невладин сектор, се косеше во урбаната заедница Кисела Вода, околу улиците “Димо Хаџи Димов” и “Марко Орешковиќ”.
Општина Кисела Вода Ви го честита Денот на трудот и Ви посакува убави празнични мигови!
Денес, со почеток вo 11часот учениците, наставниците и родителите од OOУ “Партенија Зографски” заедно ги реализираа спортските активности “Со мама и тато спортуваме и заедно се радуваме”.
Повеќе: “Со мама и тато спортуваме и заедно се радуваме” денес во ООУ „Партенија Зографски“
Денес, во паркот Шопен, во општина Кисела Вода, голем број на граѓани ја искористија можноста да го проверат својот стаж, податоците за платените придонеси, платите и други податоци.
Повеќе: Преку 200 граѓани го проверија својот стаж во паркот Шопен