Новости
Со партија помеѓу претседателот на Советот на општината Кисела Вода, Трајче Донев и претставник од МЗ Пржино, започна последното коло од есенската сезона во шаховската лига меѓу месните заедници, чиј покровител е градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ. Во ведра атмосфера, шахистите од општина Кисела Вода ги одмерија силите на шаховската табла и го добија есенскиот шампион за сезоната 2014/2015 година.
„Направи го твоето соседство портокалово“ е паролата која денеска во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, беше упатена на означувањето на почетокот на кампањата „16 дена активизам против насилството врз жаната и девојчињата“, како дел од глобалната кампања на ОН “Orange your Neighbourhood”.
Повеќе: „16 дена активизам против насилството врз жената и девојчињата“ стартуваше од Кисела Вода
Утре, понеделник, 24.11.2014, во 12 часот, во средното економско училиште “Васил Антевски Дрен”, ќе стартува кампањата “Направи го твоето соседство портокалово – Крај за насилството врз жените и девојчињата – сега“, во организација на УНДП, на која учество ќе земат градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, зам. министерот за труд и социјална политика Ибраим Ибраими, како и постојаниот претставник на ОН во Македонија, Луиза Винтон.
По успешно завршената прва обука, викендов, во Големата сала на општина Кисела Вода се одвива вториот модул од проектот „Младински локални иницијативи“ од страна на невладината организација “Младите можат”, во соработка со општина Кисела Вода, а со поддршка од Амбасадата на САД во Р. Македонија.
Повеќе: Младински локални иницијативи во општина Кисела Вода
Во Големата сала на општина Кисела Вода се одржа јавна трибина на која се презентираше проектот за згрижувачки семејства, под покровителство на Министерството за труд и социјална политика. Презентацијата ја водеа советникот во Советот на општината и претседател на Комисијата за социјална заштита, здравствена заштита и заштита на деца Кристина Колевска и раководителот на Одделението за деца без родителска грижа и заштита на возрасни при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје Снежана Касутовска, а беа присутни и други претставници од Меѓуопштинскиoт центар за социјални грижи - Скопје.