Новости
Течат градежните активности за изградба на уште еден проект кој се реализира на барање на граѓаните. Новоизграденот сквер ќе се протега на 400 квадратни метри, во близина на економско-правното училиште, ”Васил Антевски Дрен”.
Повеќе: Се гради нов сквер со детско игралиште во Кисела Вода
Прекин во водоснабдувањето утре ќе имаат корисниците од булевар "Борис Трајковски", а со намален притисок ќе бидат корисниците од населбите Пинтија, Драчево, Усје, Зелениково и општина Студеничани, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Повторно безидејноста на СДСМ резултира со искажани лаги и невистини за работењето на Општина Кисела Вода.
Така наречените граѓански активисти кои глумат загриженост за зеленилото, всушност се слепи партиски послушници на СДСМ, со желба за додворување на нивниот лидер и раководството на партијата. Таканаречените паркобрани под диктат на советникот Бранко Георгиевски, кој иако е член на Комисијата за урбанизам и комунални дејности при советот на Општина Кисела Вода, нема елементарни познавања од областа на законските процедури што подразбираат носење на Детални урбанистички планови.
Врз основа на член 57 и член 106 став 3, а во врска со членовите 143 до 148 од Статутот на Општина Кисела Вода (“Службен гласник на град Скопје” бр.08/05 и “Службен весник на Општина Кисела Вода” бр.13/06), член 50 од Законот за Локална Самоуправа (“Службен весник на Р.М” бр.5/2002) и членовите 29 дo 40 од Правилата за работа на урбаните и месните заедници во Општина Кисела Вода (“Службен гласник на Општина Кисела Вода” бр.08/2007), Градоначалникот на Општина Кисела Вода донесе Решение за распишување на избор на членови на Совет на МЗ “село Драчево” под бр.19-638 од 04.12.2013 год.
Во организација на порталот „Скопјеинфо“ во кој учествуваа 25 илјади граѓани беа избрани најуспешните градоначалници во градот Скопје. Првото место му припадна на градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски.Второто место го освои градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Според граѓаните кои гласаа, третото место го освои градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ.