Новости
Ве известуваме дека шестата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 15.10.2013 година (вторник), во големата сала на општината со почеток во 11,00 часот, со следниот дневен ред:
- Усвојување на Записникот од 7-та пленарна седница;
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 8-та пленарна седница
Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ со својот тим ги продолжуваат посетите на месните и урбани заедници во општината. Согласно динамичниот план, вечерва општинското раководство и претставниците на јавните претпријатија од градот Скопје ќе имаат средби со жителите на Пинтија и село Драчево.
Градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец - Алексиќ, заедно со членови на Советот на Општината и општинската администрација утрово го посети семејството Петрушевски, чиј дом во населбата Цветан Димов, беше зафатен од пожар.
Според првичните информации причинета е само материјална штета, а се претпоставува дека пожарот избил заради проблеми со електричната инсталација.
Повеќе: Градоначалникот Беличанец – Алексиќ го посети семејството Петрушевски, чиј дом беше опожарен
По повод одбележување на Детската недела, денеска во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во село Драчево беа реализирани повеќе активности меѓу кои и пригодна приредба за прием на првачињата во Детската организација.
На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, која ги поздрави учениците и воспитно-образовниот кадар и им додели училишен прибор и пригодни подароци за првачињата.
Повеќе: Првачињата од ОУ “Св. Климент Охридски” станаа дел од Детската организација
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и претседателот на Советот на општината, Трајче Донев денеска ја посетија јавната детска градинка “8-ми Март” во Пржино, на која во изминатиот период се изведуваа градежни работи за поставување на нов покрив.
“-Градинката “8-ми Март” во Пржино е изградена во 1979 година и оттогаш не се изведени некои поголеми реконструктивни зафати на оваа градинка. Општина Кисела Вода ја увиде оваа ситуација и веднаш се зафати за работа” – изјави градоначалникот Беличанец - Алексиќ.