Новости
Општина Кисела Вода по трет пат го организира „Мултимедијален ликовно-музички хепенинг на отоворен простор“, на тема „Скопје се сеќава“, по повод 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Хепенингот се одржа, денес во паркот ,,Македонија“ во Општината, со почеток во 11.00 часот.
Општина Кисела Вода, годинава по петти пат ја организираше традиционалната културна манифестација „Пушкинови Денови 2013“, Одбележувањето на 214 години од раѓањето на светски познатиот поет Александар Сергеевич Пушкин.
Повеќе: Се организираше традиционалната културна манифестација „Пушкинови Денови 2013“
Проектот „НИЕ СМЕ ЕКО ГЕНЕРАЦИЈА“ изготвен од учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“ с.Драчево, на конкурост е избран како најдобар во Република Македонија за 2013 година.
Учениците од III-одд. од ОУ Круме Кепески направија посета на воениот аеродром -Петровец со цел да се запознаат и одблиску да ги набљудуваат воздухопловните летала и нивната намена и корист во армијата на РМ.Екипата од вработените на воен аеродром Петровец кои беа задолжени за реализирање на програмата од посетата, дочекот, прошетката како и корисните информации кои им ги пласираа на учениците, им овозможија прекрасни и незаборавни моменти и доживувања
Амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс, денес, 31.05.2013 година, ја посети Општина Кисела Вода и одржа работна средба со градоначалникот Билјана Беличанец - Алексиќ.
На средбата се разговараше за приоритетните активности и проекти кои ги презема Општина Кисела Вода за подобрување на животот на граѓаните, а беа презентирани и можностите за инвестирање, поточно потенцијалите, ресурсите и капацитетите со кои располага општината.
Повеќе: Американскиот амбасадор ја посети Општина Кисела Вода