Новости
Со денешното доделување на 31 решение за легализација на дивоизградени објекти, бројот на решени предмети за легализација во Општина Кисела Вода достигна 1631. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ информираше дека откако е воспоставена практиката за делење решенија за легализација на неделно ниво, постигнати се посакуваните ефекти.
Утре, 30.05.2013 година, со почеток во 18:00 часот во паркот “Фредрик Шопен” ќе се одржи завршна приредба на децата од големите групи од сите 4 клона на градинката “Весели Цветови”.
Сезонските работници за вршење јавни работи во координација со ЈКП “Комуналец - Кисела Вода” и Одделението за животна средина во општината, во текот на изминатата работна седмица изведоа неколку акции за собирање листови и отпадоци од улиците и јавните површини, отстранување на искастрени гранки, чистење на диви депониии и уредување на јавните површини.
Подобар крај на училишниот спорт во општина Кисела Вода, и не можеше да се случи. Спортската сала ,,Независна Македонија“ по одигрувањето на кошаркарскиот плеј-оф, беше преполна со емоции, навивање, тимски дух, крајно педагошки и стручен надзор на тренерите, потези, скокови и постигнати кошеви кои се далеку надминати од нивото - училишен спорт.
Во среда (22.05.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 12:30 часот, ќе се одржи трибина на тема: “Психо-физичката подготовка на децата за премин од предучилишно воспитување во училишно образование”.