Новости
Општина Кисела Вода подготвено го дочека првиот снег. Годинава, на територијата на општина Кисела Вода за одржување на улици и патишта во зимски услови е избрана фирмата ЕМ-ЕЛ АРТ Доо увоз-извоз од Скопје, која во активностите за расчистување на снегот вклучи грејдери, товарни машини (скип), моторни возила со нож и ракораспрскувач со носивост на корпа од минимум еден тон, а во активностите за расчистување на снегот, традиционално општината го вклучи и општинското камионче.
Во сите објекти на јавната детска градинка “8-ми Март” од Општина Кисела Вода деновиве се реализираше стручно-практично предавање на тема “Давање прва помош за деца и возрасни”. Предавањето го реализираа лекари од Црвениот Крст на Република Македонија. Педагошкиот тим од градинките имаше можност да се запознае со правилните и безбедни начини на давање прва помош при повреда на дете или возрасен човек. Предавачите со практични примери и на едноставен начин појаснија како се помага на повредените.
Повеќе: Негувателите од градинката “8-ми Март” добија обука за давање прва помош
Во дворот на подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во нас. Црниче, вчеравечер брилијантен концерт одржа Р&Б дуото ДНК. Милениците на помладата публика Андреј и Панчо го промовираа новиот албум “Срце”, а ги изведоа и нивните најголеми хитови “Таа тоа го крие”, “Полна месечина”, “Навлечен на тебе” од претходниот албум “Кажано е се”.
На пригоден начин денеска во Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ги додели првите ваучери на вкупно 19 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош во висина од 6.000 денари.
Одлуката за доделување на еднократна парична помош на секое семејство со новороденче од општината, се донесе едногласно од страна на Советот на општината на 4-тата пленарна седница, по лична заложба и предлог на градоначалникот.
Повеќе: Градоначалникот на Кисела Вода ги додели првите ваучери за новороденчињата