Новости
Почитувани граѓани,
Оваа година, најпрво Ви посакуваме да имате многу здравје и љубов. Посакуваме во текот на целата година да Ве следи среќа.
Општина Кисела Вода во секое време Ви е на располагање.
Среќна Нова година!
Градинката „Сончоглед“, која е во склоп на ЈДГ „Весели цветови“ од Кисела Вода, во соработка со хуманитарната организација „Св.Спас“, организираше предновогодишна хуманитарна акција на која благодарение на родителите на децата, кои ја посетуваат истата, беа поделени новогодишни пакетчиња и кукли.
Повеќе: Градинката „Сончоглед“ спроведе предновогодишна хуманитарна акција
Сениорската екипа на КК „Ангели“ од општина Кисела Вода една година нема загубено ниеден натпревар. Кошаркарите на „Ангели“ досега имаат забележано 15 победи по ред.
Повеќе: Кошаркарите на КК „Ангели“ од Кисела Вода една година немаат загубено ниеден натпревар
Децата од градинката „Пржино“ од Кисела Вода, за најмладите пациенти, кои се лекуваат на „Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле“, изработија повеќе подароци, прекрасни новогодишни фигури.
По соопштение од ЈП „Водовод и канализација“, Општина Кисела Вода информира дека поради изведување на водоводен приклучок со пречник на цевка од ф-200 мм на ул.„Саса“ бр.18/154, утре од 09:00 часот без вода ќе биде дел од населбата Пинтија.
Од јавното претпријатие известија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршувањето на работните активности.