Насловна
Утре во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ со почеток во во 13:00 часот ракометарите на „Јуниор Кисела Вода“ и „Астраион“ од Струмица ќе го одиграат последното коло од првата сениорска ракометна лига.
Повеќе: Утре во Кисела Вода ќе се игра одлучувачки ракометен натпревар за место во плеј оф фазата
Општина Кисела Вода спроведува активности за садење на разни видови на високо стеблести дрва за парковско уредување на својата територија.
Повеќе: Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија
Вчера во спортската сала „Независна Македонија“ во рамки на деветото коло од првата кошаркарска лига девојките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода без напор ја надиграа дебитантската екипа на ЖКК „Крива Паланка“, со резултат 86:33 (31:9, 18:10, 20:07 и 16:07).
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 09:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата „1520“ во населбата Пинтија. Во исто време без струја ќе бидат и корисниците од поголем дел од стопанските објекти приклучени на трафостаницата „Пинтија 5“.
Во големата сала на Општина Кисела Вода во тек е голема крводарителска акција.
Повеќе: Во Општина Кисела Вода во тек е крводарителска акција