Насловна
Утре во големата сала на Општина Кисела Вода од 11:00 до 15:00 часот ќе се одржи крводарителска акција на која граѓаните ќе можат да ја покажат хуманоста, да даруваат крв, да спасат нечиј живот.
Повеќе: Утре во Општина Кисела Вода ќе се одржи крводарителска акција
На Балканското првенство кое неодамна се одржа во Дубровник, Хрватска членовите на карате клубот „Маваши“ од Кисела Вода, Марта Димковска во кадетска конкуренција до 54 кг. и Стефан Апостоловски У21 до 67 кг. си обезбедија пласман на Европско првенство кое следната година од 7 до 10 февруари ќе се одржи во Данска.
Денес Општина Кисела Вода во соработка со Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје - Одделение за превенција и ПСОН Кисела Вода започна со реализација на кампања во основните општински училишта, која ќе има за цел да делува во насока на спречување на несакани последици по безбедноста на учениците во периодот на претстојните новогодишни и божиќни празници.
Денес градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во својот кабинет оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, неговата екселенција, Кристијан Тимоние. Присутни на состанокот беа и раководителот на одделението за животна средина Петар Ѓорѓиоски и Јасна Саздовска, член на Советот на Општината.
Повеќе: Градоначалникот Филип Темелковски се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние
Изминатиов викенд сениорките, младинките и кадетките на ЖКК „Бадел 1862“ убедливо ги победија противниците.
Повеќе: Сениорките, младинките и кадетките на ЖКК „Бадел 1862“ имаа победнички викенд