Насловна
По синоќешниот дерби натпревар помеѓу двете непоразени екипи од првата женска кошаркарска лига ЖКК „Бадел 1862“ и „Вардар“, сениорките на клубот од Кисела Вода на гостински терен во СРЦ „Кале“ извојува голема победа, со резултат 71-84 (20:21,19:15, 14:27 и 18:21).
Во сите објекти на ЈДГ „8 Март“ дечињата преку работилници и изведби на приредби ја испратија есента.
Во ЈДГ „Весели Цветови“, во објектот „Мимоза“ дечињата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во истиот пред нивните родители, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ ги покажаа своите актерски способности, изведувајќи приредба насловена „Црвенкапа во есен“.
Повеќе: Децата од ЈДГ „Весели Цветови“ со приредба ја испратија есента
По добиено соопштение од РЦУК - Скопје, Општина Кисела Вода информира дека во временскиот период од 08:30 до 11:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата „Христо Татарчев“. Додека од 11:30 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „1520“.
Општина Кисела Вода информира дека во текот на последниот квартал од тековната година, овластениот комунален инспектор и овластените комунални редари изрекле 10 парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за прекршоци сторени согласно Законот за јавна чистота (оставање на градежен материја, оставање на ѓубре како и продажба на земјоделски производи на јавна површина).
Повеќе: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДЕЛУВАЊЕТО НА СЕКТОРОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ РАБОТИ ПРИ ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА