Насловна
Денес, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на општината, Дарио Шимиќ извршија увид во работните активности за средување на училишниот двор на ООУ Кузман Шапкарев, во Драчево.
Општина Кисела Вода спроведе акција за целосно расчистување на сметот/отпадот во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов.
Oпштина Кисела Вода информира дека утре, вторник, 02.10.2018 год., без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од бр. 104 до бр. 118 од улицата „Димо Хаџи Димов“ и корисниците од улицата „Марко Орешковиќ“.
Општина Кисела Вода започна со ново чистење на Црниот Канал. Фирмата ангажирана од Општината од утринава работи на расчистување на наталожената тиња, нараснататата вегетација, како и од отпадот фрлен од несовесните граѓани.
Во рамки на „Европската недела на спортот“, вчера во спортската сала „Независна Македонија“ градоначалниците на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, на Шуто Оризари, Курто Дудуш, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и дел од вработените во агенцијата одиграа пријателски кошаркарски натпревар.