Насловна
Од вчера се одвиваат градежни активности на кракот на улица “Вера Јоциќ”. Санацијата опфаќа 5300 квадратни метри и по нејзиното завршување ќе обезбеди безбеден и комфорен сообраќај долж целата улица, вклучително со двата нејзини краци.
Децата и детските права беа во фокусот на разговорот кој денес го водеа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставникот од УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани.
Градоначалникот Ѓорѓиевски денес оствари средба со новиот унгарски амбасадор Н.Е. Андраш Клајн.
На средбата, тој му ја претстави личната карта на општина Кисела Вода и се задржа на приоритетните проекти кои следуваат предвидени во неговата програма. Проговорија за досегашната одлична соработка со унгарската држава преку Амбасадата во Република Македонија.
Имено, Општина Кисела Вода секоја година е дел од чествувањето на Националниот ден на унгарскиот народ и го одбележува со пригодна свеченост пред спомен плочата на Шандор Петефи во населбата Драчево. Петефи е една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година и поставувањето на темелите за целосно осамостојување на унгарската држава. Ѓорѓиевски проговори со амбасадорот и за одличната соработка со Здружението на унгарците во Македонија Теледом, чиј Претседател Јожеф Шутуш беше присутен на денешната средба.
Заеднички се дефинираа повеќе области во кои е можно продлабочување на соработката и остварување на уште поблиски релации помеѓу Општина Кисела Вода и Република Унгарија.
Под слоганот “Ретко е да си редок”, Општина Кисела Вода заедно со компанијата “Биотек” го одбележаа денешниот 28 февруари, Светски ден на лицата со ретки болести.
Повеќе: Кисела Вода и “Биотек” им доделија здравствени ваучери на децата со попреченост
Завршуваат градежните активности за санација на улиците ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Марко Орешковиќ”. Денес се асфалтираат овие две улици во урбаната заедница Кисела Вода кои иако се доста фреквентни, не беа обновени години наназад, онезвозможувајќи комодитет при нивното користење.
Повеќе: Се асфалтираат ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Марко Орешковиќ” во Кисела Вода