Насловна
Активно тече санација на градинките низ Општина Кисела Вода. Во изминатиот период во објектот “Ѕуница” при ЈДГ “8 Март“, во селото Драчево, се врши бетонирање на пукнатата кровна плоча и се вршат поправки на лимената конструкција на кровот.
Повеќе: Се подобруваат условите во градинките низ Општина Кисела Вода
Општина Кисела Вода информира дека денес во временскиот период од 08:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од ул. 1513 во населба Пинтија. Исто така, во период од 09:00 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „Јанко Мишиќ“ во населба Драчево.
Почитувани,
Во врска со проблемот со излевање на отпадна вода по поројниот дожд на улицата “Речиште” во селото Драчево, сакаме да ве известиме дека Општина Кисела Вода е запознаена и активно работи на негово надминување.
Врз основа на Меморандумот за соработка бр.08-7131/1, склучен на ден 09.08.2018 година, помеѓу Општина Кисела Вода, Град Скопје и ЈП Комунална хигиена, на ден 24.08.2018 година, Општина Кисела Вода објавува Ј А В Е Н П О В И К до сите заинтересирани граѓански здруженија, активисти и жители за заштита на правата на животните со адреса на седиште и живеалиште на територија на Општина Кисела Вода.
Повеќе: Јавен повик од Општина Кисела Вода за програмата"ХУМАНА КОНТРОЛА НА КУЧИЊАТА БЕЗДОМНИЦИ"
84 ваучери за новородените деца од општината Кисела Вода денес додели секретарот на Општината, Александар Алексовски.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели ваучери за 84 новородени деца