Насловна
Во работна посета на Општина Кисела Вода денес беше министерот за транспорт и врски Ѓорѓи Сугарески. Заедно со градоначалникот Филип Темелковски извршија увид во отпочнувањето на првата фаза од градежните активности на улицата “Христо Татарчев”, крак 22.
ООУ “Кирил Пејчиновиќ” од оваа учебна година ќе добие нова, термоенергетска фасада.
Повеќе: ООУ “Кирил Пејчиновиќ” ќе добие нова, термоенергетска фасада
Подобрени услови во градинката која секојдневно ја посетуваат ќе добијат дечињата од ЈДГ „Весели Цветови“, објект “Сончоглед”. Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес изврши увид во реконструктивните зафати на тоалетите кои во оваа градинка се одвиваат во текот на летово, од почетокот на месец јуни.
Повеќе: Целосна реконструкција на тоалетите во објектот Сончоглед при ЈДГ „Весели Цветови“
Општина Кисела Вода известува дека поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на ул. „Шандор Петефи“ 13, во населба Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Шандор Петефи“, „Славчо Стоименов“ и дел од „Славка Димкова“.
Соседска патрола се одвиваше синоќа низ општина Кисела Вода. Градоначаликот Филип Темелковски, заедно со претставници од Полициската станица од општа надлежност-Кисела Вода, како и од Одделението за превенција при СВР-Скопје, со советници од Советот на Општината, претстаници од месните заедници, родители од овој дел на градот, синоќа беа во обиколка на повеќе локации низ општината каде што има собирање на млади во доцните часови и на места каде што има евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир и зачестени кривични дела.
Повеќе: "Соседска патрола" низ Oпштина Кисела Вода за поголема безбедност на граѓаните