Насловна
Утре од 08 до 16 часот без струја ќе останат корисниците од Пинтија, сите домаќинства, стопански и нестопански објекти во самата населба, како и објектите на „Алукил“ и „Пропоинт“ во општина Кисела Вода.
Сузана Спасовска повторно ги собра љубителите на убавата македонска песна на Три Круши!
Повеќе: Одличен концерт на Сузана Спасовска на "Три круши 2018"
Со одлична изведба на преработка на “Бакни ме” од Сашка Петковска, започна синоќешниот концерт на Искра Трпева во рамки на “Три круши 2018”.
Повеќе: "Три круши 2018": Синоќа Искра Трпева, вечерва Сузана Спасовска
Општина Кисела Вода ве поканува вечерва, петок, 13.07.2018 год., во 20 часот да бидете дел од случувањатс на културното лето “Три круши 2018”. На истоимената локација, во селото Драчево, концерт ќе одржи Искра Трпева. Влезот е бесплатен!
Во насока на објективното информирање на јавноста, а пред се’, жителите на Општината Кисела Вода, сакаме да реагираме на неколкуте прилози кои беа објавени на одредени веб портали, без притоа Општината да биде контактирана со било какво новинарско прашање, со што, се изнесени бројни невистини и се руши угледот на институцијата.
Имено, наспроти изнесените тврдења за наша незаинтересираност и неактивност околу подобрување на патната инфраструктура, сакаме да ве информираме дека во овој 8-месечен период Општина Кисела Вода асфалтираше 12 000 квадратни метри, додека со павер елементи поплочи 1000 квадратни метри.