Насловна
Продолжува културното лето на Општина Кисела Вода “Три круши 2018”.
Повеќе: "Три круши 2018": Утревечер Искра Трпева, во сабота Сузана Спасовска и Мишко Талески
Во врска со реакциите кои пристигнуваат до Општина Кисела Вода за проблемите поврзани со Центарот за превенција и третман на зависности од дроги кој е лоциран во Кисела Вода, сакаме да ја известиме јавноста, а најмногу жителите на овој дел од градот, за динамиката на нашите преземени активности во насока на решавање на ова горливо прашање.
Обележано возило на Црвениот крст ќе патролира низ најфреквентните улици во Општина Кисела Вода во деновите кога температурите ќе бидат над 35 степени, до граѓаните ќе се дистрибуира и ќе се дели студена вода за пиење, ќе се даваат медицински совети на оние кои ќе се пожалат на тегоби.
Општина Кисела Вода ве информира дека поради најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за можно невреме со пороен дожд и грмежи, концертот на Миле Кузмановски кој е дел од културното лето “Три круши”и беше закажан за вечерва, се одложува. За новиот термин на одржување ќе бидете дополнително известени.
Повеќе: Најавите за невреме го одложија вечерашниот концерт на Миле Кузмановски
Општина Кисела Вода информира дека поради временските услови, концертот на Дани Димитровска кој требаше да се одржи вечерва, во рамки на културното лето "Три круши", се одложува. Истиот ќе се одржи на 22.07.2018, на Три Круши во 20 часот.