Насловна
Денес, во паркот Шопен, со почеток во 18:30 минути, ќе се одржи хуманитарна коријада. Настанот е во организација на Општина Кисела Вода, преку Одделението за култура и Здружението на пензионери од општина Кисела Вода, со поддршка од Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода.
Утревечер, недела, 01.07.2018 год., со почеток во 20 часот, на локалитетот Три круши во селото Драчево, започнува културното лето на Општина Кисела Вода, “Три круши 2018”. Настанот ќе го отвори градоначалникот на Општината Филип Темелковски, по што ќе следат концерти на Дувачкиот оркестар при МКЦ и КУД “Китка”.
Повеќе: Утре започнува културното лето на Општина Кисела Вода “Три круши 2018”
Со низа настани, денес Општина Кисела Вода го одбележа своето 63 годишно постоење.
Повеќе: Општина Кисела Вода го одбележа својот 63-ти роденден
На Единаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа на 26 јуни 2018 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ја одржa Единаесеттата пленарна седница
Волонтери од Македонија и од другите земји во Европа, претставници на општина Кисела Вода и Агенцијата за млади и спорт, како и вработени во ПОУ „Д-р Златен Сремец“, денеска спроведоа акција за чистење на училишниот двор, со што започна имплементирањето на иницијативата за реновирање на детското спортско катче во објектот.
Повеќе: Започна акцијата за реновирање на детското спортско катче во ПОУ „Д-р Златен Сремец“