Насловна
Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 08:30 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од жителите од улицата „Востаничка“ од број 60 до 140, дел од улицата „Пржино“ од број 24 до 34 и улицата „Рилски Конгрес“.
Градоначалникот Филип Темелковски денес на свеченото затворање на „Балкан куп 2018“ на најдобрите клубови им додели пехари. Во спортската сала „Независна Македонија“ Темелковски го проследи финалниот кошаркарски натпревар, кој се одигра помеѓу екипите на ФМП Академија и Вардар, истиот заврши со резултат 86 – 79.
Во Кисела Вода започна „Балкан куп 2018“. На овој балкански турнир кој е под покровителство на градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, а во организација на ФМП Академија, младите кошаркари од Македонија, Србија и Бугарија, од денес па се до недела ќе одиграат повеќе натпревари. Кошаркарите кои се натпреваруваат на овој куп се на возраст до 14 годишна возраст.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, заедно со секретарот Александар Алексовски и претседателот на Советот на општината, Дарио Шимиќ, во склоп на активностите на ОУ „Невена Георгиева Дуња“, пред реализирање на ЕРАЗМУС + Мобилност, одржаа работен состанок со директорот на истото училиште, Магдалена Влаисавлевиќ, како и со координаториите Александра Цветановска и членови на тимот за евроинтеграција Александар Неделковски и Ирена Христовска.
По повод Светскиот ден на водата 22 март, во ООУ „Партенија Зографски, Општина Кисела Вода, се одржа работилница на тема „Нашата драгоценост – водата“.
Повеќе: Светскиот ден на водата одбележан и во Општина Кисела Вода