Насловна
Кадетската женска екипа на ЖКК Бадел 1862 во недела во спортската сала Независна Македонија, ја брани честа на македонската женска кошарка на меѓународната сцена. Тимот од Кисела Вода, ќе ја пречека непоразената екипа Ловќен- Будуќност, во рамките на третиот турнир на регионалната женска кошаркарска лига WABA, за девојчиња помлади од 17 години.
Во текот на последното тромесечје овластените инспектори за животна средина при Општина Кисела Вода, согласно своите надлежности вршеа засилени инспекциски контроли. Инспекциските надзори се вршеа по пријава од граѓани и а воедно се одвиваа и редовни инспекциски надзори. Се контролираа, пред се, правните субјекти кои согласно Закон за животна средина се должни да изготват елаборат за заштита на животна средина за чие одобрување е надлежна општината.
Повеќе: Засилени инспекциски надзори на инспекторите за животна средина
По добиено соопштение од РЦУК - Скопје, Општина Кисела Вода информира дека денес поради отстранување на дефект на 2-затворача на водоводна мрежа со пречник ф-150мм на ул.Народни Херои бб, од 09:00 часот па се до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Народни Херои, ОУ Невена Георгиева Дуња, градинката, дел од ул. Михаил Чаков и населбата 11-ти Октомври.
Јовица Ефтовски е нов претседател на Општинскиот сојуз за училишен спорт на општина Кисела Вода. Ова е одлуката на членовите на новото Собрание на Општинскот сојуз за училишен спорт.
Повеќе: Ефтовски нов претседател на Сојузот за училишен спорт
Општина Кисела Вода во акцијата за расчистување на тревните површини, парковите и улиците на својата територија досега собра околу 30 тони смет.
Повеќе: Во акцијата за расчистување на Кисела Вода собрани се околу 30 тони смет