Насловна
Ве известуваме дека Четвртата пленарна седница на Советот Општина Кисела Вода ќе се одржи на 14 декември 2017 година (четврток) со почеток во 12,00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи четвртата пленарна седница
Еднаквите можности меѓу мажите и жените и водење родово одговорни политики беа денес во фокусот на разговорот помеѓу градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и регионалниот проектен менаџер на UN WOMEN, Ермира Лубани.
Градоначалникот Филип Темелковски одржа работна средба со заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули. На овој состанок се дискутираше за преземање на мерки за заштита на животната средина, како за справување со ризиците од аерозагадувањето и управување со разните видови отпад.
Повеќе: Средба на градоначалникот Темелковски со заменик министерот Макрадули
Општина Кисела Вода информира дека утре од 09:00 часот жителите од улиците: Виктор Иго, Емил Зола, Невена Георгиева-Дуња, Балзакова и Дренак ќе останат без вода.
Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен. Овие детски игралишта направени се по сите модерни стандарди и содржат гумен под, лизгалки, лулашки, клацкалки и куќарки за игра.
Повеќе: Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен