Насловна
Престојниот викенд, жителите на општина Кисела Вода ќе можат бесплатно да проследат шест спортски натпревари на клубовите од општината. Централен настан ќе биде неделната средба меѓу ЖКК Бадел 1862 и Трокал во рамките од нашата најсилна женска кошаркарска лига.
Повеќе: Овој викенд, шест спортски натпревари на клубовите од Општината
Општина Кисела Вода согласно информацијата добиена од Регионалниот центар за управување со кризи, а по известување добиено од ЕВН „Македонија“ АД, информира дека утре во временскиот период од 12:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Иван Козаров“.
Младинките на КК Бадел 1862, изминатиот викенд, продолжија со добрите игри во WABA лигата. Овојпат кошаркарките од Кисела Вода ги ,,преслушаа“ своите врснички од Загреб (Р.Хрватска) и Славија (Р.Бугарија). Имено, во второто коло од ,,Б“ групата за кошаркарки до 17 години, избраничките на тренерот Анета Глигорова славеа две победи.
Градоначалникот Филип Темелковски денес, во просториите на Општината, оствари средба со амбасадорот на НР Кина во Република Македонија, г-ѓа Јин Ликсиан, како и со претставници од амбасадата.
Повеќе: Кинеската амбасадорка се сретна со градоначалникот Филип Темелковски
Општина Кисела Вода информира согласно добиеното известување од страна на Регионалниот центар за управување со кризи дека утре, 30.11.2017 (четврток), заради закажани технички зафати на „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. Народни Херои и дел од ул. Ѓорги Димитров во периодот од 09:00 до 12:00 часот.